Ѕвездата на ПСЖ веднаш реагираше

Болно девојче доби навреди на социјалните мрежи, Мбапе разочаран: Го допревме дното (ВИДЕО)

Осум годишно девојче кое боледува од ретка болест, доби навреди на социјалните мрежи откако го замоли Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, фудбалерот на „светците" веднаш реагираше и изрази разочарување од однесувањето на луѓето.

Во саботата, малата Камил на социјалните мрежи испрати порака до својот херој, Килијан Мбапе.

„Во Париз и Франција, има милиони навивачи, кои исто како мене, навистина те обожаваат. Те замолувам да останаш во ПСЖ за ние да продолжиме да сонуваме. Килијан, ти посакувам успешна година со ПСЖ и Франција“ – гласеше пораката на осум годишното девојче кое боледува од ретка болест.

Нејзината порака предизвика многу реакции, Камил добила навреди, па Килијан Мбапе реагираше веднаш.

„И јас ти посакувам среќна нова година моја мала Камил. Продолжи да се бориш, не учиш на една добра животна лекција“ – гласеше пораката на напаѓачот.

„Колку само се навредливи коментарите кон едно детенце... навистина го допревме дното“.

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе