Голем пад во кариерата за поранешната ѕвезда на Милан

Боатенг пред една година беше член на Барселона, сега ќе игра во Серија Б

Поранешната ѕвезда на Милан, Кевин Принц Боатенг денеска треба да го помине медицинските тестови и да потпише за новиот член на Серија Б, Монца. 

Боатенг повторно ќе се обедини со Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои беа сопственици на Милан кога тој играше таму, а сега се први луѓе на Монца.
 
Боатенг веќе е во Монца каде што денеска треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со второлигашот.
 
Тој во Монца доаѓа од Фиорентина, а виолетовите го имаа пратено во Бешикташ на позајмица за вториот дел од сезоната.
 
Најдобрите моменти од кариерата Боатенг ги имаше во Милан, шест месеци помина и во Барселона, но формата од деновите на Сан Сиро никогаш не ја повтори.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе