По ремито со Интер и поразот од Реал Мадрид, Барселона дојде до триумф. Момците на Чави одиграа одлично прво полувреме во кое постигнаа три гола, а во вториот дел ги сочуваа.
Сите три погодоци беа постигнати во време од седум минути, од 31 до 38 минута.
Роберт Левандовски во 31. минута постигна прекрасен погодок откако исфрли двајца играчи на Виљареал.
Четири минути подоцна Левандовски повторно даде убав гол, овојпат со шут од далечина.
Во 38. минута Ансу Фати ги постави конечните 3-0.