Куп на Македонија

Без изненадување во Купот на Македонија, сите фаворити се пласираа во четвртфинале

Фаворитите ја оправдаа улогата и без големи проблеми се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија. 

Најубедлива беше Академија Пандев која со 9-0 го совлада Љуботен. Мрежата на своите противници ја наполнија и Шкупи, Шкендија и Вардар.
 
Шкупи со 6-0 славеше над Воска Спорт, а Шкендија со 5-0 го победи Скопје, Вардар со 4-0 ја помина Фортуна.
 
Неизвесно беше на мечот меѓу Струга ТЛ и Работнички кој го доби струшкиот тим со 2-1, но романтичарите имаа водство. 
 
Брегалница со 1-0 го совлада Пелистер, а на гостински терен единствено победи Силекс кој беше подобар од Тиквеш.
 
Останува да се одигра уште мечот меѓу Победа и Македонија Ѓорче Петров кој е закажан за 19 октомври.
 
Резултати:
 
Академија Пандев - Љуботен 9:0
Брегалница - Пелистер 1:0
Шкендија - Скопје 5:0
Шкупи - Воска Спорт 6:0
Струга ТЛ - Работнички 2:1
Тиквеш - Силекс 0:1
Вардар - Фортуна 4:0
Победа - Македонија ЃП (19 октовмри)

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе