Бараж за мундијалот во Катар

Без Балотели и со двајца нови Бразилци, Манчини го објави списокот за дуелот со Македонија

Роберто Манчини повика дури 33 фудбалери за баражот за мундијалот во Катар и пресметката со Македонија, селекторот на Италија реши да не смета на Марио Балотели и во составот вметна двајца нови Бразилци.

„Аѕурите“ ги открија адутите за дуелот против Македонија на 24. март и баражот за Светското првенство. Роберто Манчини повика дури 33 фудбалери, од поширокиот список извиси Марио Балотели, а шанса добија двајца нови Бразилци, Жоао Педро и Луиз Фелипе.

Мануел Локатели доби повик и покрај тоа што е позитивен на ковид-19, а уште едно големо отсуство е тоа на Федерико Бернардески.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе