Ла Лига

Бензема се изедначи со Раул, Винисиус забележа хет-трик, Реал ја наполни мрежата на Леванте (ВИДЕО)

Реал Мадрид со убедливи 6-0 го совлада Леванте, Карим Бензема се изедначи со Раул како втор стрелец во историјата на „кралевите", Винисиус Жуниор забележа хет-трик.

Реал Мадрид ја наполни мрежата на Леванте, избраниците на Карло Анчелоти вечера беа расположени и славеа со убедливи 6-0.

Менди го отвори резултатот во 13. минута, Карим Бензема зголеми на 2-0 во 19. минута, за Родриго да реализира рутински за 3-0 во 34. минута. До крајот на првиот дел падна уште еден гол, Винисиус Жуниор погоди за 4-0 во 45. минута.

Бразилецот по втор пат се запиша во листата на стрелците во 68. минута, за во 83. минута да забележи хет-трик.

Нашиот Енис Барди влезе во игра пред крајот на првиот дел, кога веќе беше јасно дека Леванте нема што да бара на овој меч.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе