Лига на шампиони

Бензема го сруши Челси на Стемфорд Бриџ, Виљареал ја доби првата битка со Баерн Минхен (ВИДЕО)

Реал Мадрид со хет-трик на Карим Бензема го победи Челси со 3-1 на негов терен, Виљареал со 1-0 го совлада Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. 

Карим Бензема имаше уште една ѕвездена вечер во која блесна и му донесе голема победа на Реал Мадрид која го носи блиску до полуфиналето.
 
Челси добро го почна мечот, но во 21. минута следуваше шок. Одлична акција која ја почна Бензема, мајсторски додаде до Винисиус, а тој му асистираше за гол за водство од 1-0.
 
 
Вториот гол Бензема го постигна три минути подоцна, овојпат Модриќ фантастично му асистираше за водство на Реал Мадрид од 2-0.
 
 
На пет минути до крајот на првото полувреме Челси се врати во игра откако Хаверц реализираше со глава за 2-1.
 
 
Второто полувреме почна шокантно за Челси, Менди направи кардинална грешка и му овозможи лесен гол на Бензема за негов хет-трик и победа од 3-1.
 
 
До крајот на мечот Челси имаше неколку убави шанси, се обидоа Аспиликуета, Лукаку, Хаверц... но некои промашија, а некои удари им ги одбрани Куртоа со фантастични интервенции.
 
Во вториот денешен дуел Виљареал со 1-0 го победи Баерн Минхен со гол на Данџума уште во осмата минута од натпреварот по една одлична акција.
 
 
Мрежата на Мануел Нојер се затресе и по вторпат, но голот на Кокелан во 41. минута беше поништен поради офсајд.
 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе