Реал Мадрид направи уште еден чекор кон титулата во Примера откако ги освои трите бода и од гостувањето кај Осасуна.
Кралскиот клуб поведе со гол на Алаба во 12. минута, но само минута подоцна Будимир изедначи на 1-1.
Пред самиот крај а првото полувреме, Асенсио го врати водството на Реал Мадрид, овојпат од 2-1.
Во вториот дел во рок од седум минути Карим Бензема успеа да промаши два пенали. Во 52. и 59. минута, двапати му одбрани голманот Ерера.
Но, Реал Мадрид беше далеку подобар противник во овој меч, а триумфот го завери Лукас Васкез во 96. минута од натпреварот поставувајќи ги конечните 3-1.