СП 2022

Белгија на колена пред Мароко (ВИДЕО)

Мароко направи изненадување откако со 2-0 ја совлада Белгија, заслужен триумф на Мароканците кои прават крупен чекор кон осминафиналето. 

Уште една европска земја доживеа непланиран резултат, Белгија беше фаворит против Мароко, но со наведната глава го напуштија теренот.
 
Мароко постигна гол уште во судиското продолжение од првото полувреме, но тој погодок на Зијеш беше поништен поради офсајд.
 
0-0 беше се до 73. минута кога Сабири од слободен удар од речси невозможна ситуација му даде гол на Куртоа и донесе водство за Мароко од 1-0. Голот оди на душата на голманот на Белгија.
 
 
Белгијците напаѓаа, се бореа да избегнат пораз, но во 92. минута Мароко постигна уште еден гол за конечна победа од 2-0. Тој гол беше дело на Абуклал по асистенција од Зијеш.
 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе