среда, 24 април 2024

Коњи на британската коњаница побегнале од вежба и јуреле низ центарот на Лондон (ВИДЕО)

Жители на Лондон утринава забележале два коња без сопственици во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. На себе имале седла и узди.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајци ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило да ги пренесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на оддел на британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата.

Набрзо се огласи и портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се ослободија за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот повредени се одреден број вработени, како и коњите. На сите им е укажана лекарска помош“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ