Лига Европа

Базел и Вулверхемптон последни учесници на Ф8 турнирот во Лига Европа! (ВИДЕО)

Базел со 1-0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт на реваншот и се пласираше во четвртфинале од Лига Европа, со ист резултат Вулверхемптон славеше против Олимпијакос и обезбеди билет за Ф8 турнирот.

Познати се сите учесници на завршниот турниор од Лига Европа во Германија, вечерва своето учество го потврдија Базел и Вулверхемптон.

Во Швајцарија, Базел со 1-0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт и само го потврди настапот во четвртфинале откако на првиот меч славеше со 3-0. Стрелец на голот беше Фрај во финишот од натпреварот.

Со ист резултат Вулверхемптон го победи Олимпијакос и тоа беше доволно за „волците“ да обезбедат настап на Ф8.

Стрелец на голот беше Раул Хименез од белата точка во 9. минута. За Вулверхемптон ова е прво четвртфинале во европско натпреварување по 1972 година.

Четвртфинале Лига Европа:

Шахтар – Базел

Манчестер јунајтед – Копенхаген

Интер – Баер Леверкузен

Вулверхемптон - Севиља

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе