Не кажа од што ќе се откажат, дали од Ла Лига или Лигата на шампиони

Бартомеу во заминување соопшти: Барселона прифати да игра во Европска супер лига!

Жозеп Мариа Бартомеу соопшти дека бордот на директори синоќа донел одлука Барселона да настапува во идната Европска супер лига, но не прецизираше од што ќе се откажат (Ла Лига или Лигата на шампиони) за да настапуваат во ова ново натпреварување.

Жозеп Мариа Бартомеу денеска поднесе оставка од претседателската функција а истото го стори и бордот на директори на Барселона. Пред и официјално да ја соопшти одлуката, тој на медиумите им пренесе дека вчера била донесена одлука „каталонците“ да настапат во идната Европска супер лига.

„Можам да соопштам извонредни вести, вчера, бордот на директори го одобри настапот во иднината Европска супер лига, проект кој е промовиран од големите клубови во Европа, натпреварување кое ќе гарантира финансиска стабилност во иднина“ - рече Бартомеу.

„Со гордост можеме да кажеме дека сме најдобриот клуб во светот кога е во прашање вредноста. Успеавме во тоа и покрај тоа што не сме во сопственост на некоја држава или милијардер, клубот остана во рацете на членовите и Европската супер лига ќе гарантира дека клубот ќе остане во рацете на членовите и во иднина“.

Жозеп Мариа Бартомеу сепак не прецизираше кога ќе започне оваа лига за која долго време се шпекулира, ниту пак кажа од што ќе се откаже Барселона - Ла Лига или Лигата на шампиони.

Тој исто така откри дека дале амин за настап во новото Светско клупско првенство со 24 клубови кое го промовира ФИФА и кое треба да се одржува на секои две години.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе