Барселона

Бартомеу поднесе оставка, Барселона ќе добие ново раководство

Барселона ќе добие ново раководство, досегашниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу поднесе оставка. 

Претседателот на Барселона, Бартомеу заедно со останатите членови на бордот денеска поднесоа оставки. Тој не почека фановите да гласаат за негова доверба.
 
Наскоро треба да бидат закажани избори на кои Барселона ќе добие нов претседател. Дотогаш привремено раководство ќе ги менаџира секојдневните работи во клубот.
 
Преку 20.000 навивачи на Барселона овој месец потпишаа петиција за оставка на Бартомеу, незадоволството од неговото раководење со клубот постојано растеше.
 
Бартомеу на чело на Барселона седна во 2014 година кога го наследи Сандро Росел, претходно беше потпретседател во клубот.
 
По тројната титула со Луис Енрике, Бартомеу во 2015 година доби шестгодишен мандат, но неговата популарност во изминатите години одеше во надолна линија, а кулминацијата се случи сега.
 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе