Поранешниот претседател на Барса ја помина ноќта во станица

Бартомеу пуштен на слобода, „Барсагејт“ стана „Бартогејт“

Откако ноќта ја помина во полициска станица, поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу денеска е пуштен на условна слобода.

Полицијата синоќа изврши рација во канцелариите на Барселона на Камп Ноу и го приведе поранешниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу и уште три други лица.

Откако ноќта ја помина во полициска станица, Жозеп Мариа Бартомеу утрово беше изнесен пред судија и пуштен на условна слобода.

Исто така, „Барсагејт“ стана „Бартогејт, односно Барселона како институција нема да одговара, таа е оштетена странка во случајот и истрагата е насочена кон Жозеп Мариа Бартомеу и неговата десна рака Хауме Масферер.

Двајцата се сомничат дека работеле несовесно и направиле криминал со милионите платени на неколку компании кои требале да го подигнат рејтингот на раководството на социјалните мрежи но и да ги оцрнат противниците.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе