„Ел Класико“ во Лас Вегас

Барселона со спектакуларен гол на Рафиња го победи Реал Мадрид (ВИДЕО)

Барселона со 1-0 го победи Реал Мадрид во пријателскиот натпревар одигран во Лас Вегас, Рафиња беше стрелец на единствениот гол.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Барселона иако беше пријателски, на теренот не изгледаше така. Двете екипи силно ја посакуваа победата, во неколку наврати имаше и инциденти на теренот.

Двете екипи имаа свои шанса, а само Барселона искористи една од нив. Во 27. минута Рафиња постигна спектакуларен гол од далечина, погодок кој значеше победа.

Својот прв меч за Барселона го одигра Левандовски, тој играше во првото полувреме, но ќе почека на некој друг меч за својот деби гол.

Во составот на Реал Мадрид видливо беше отсуството на Карим Бензема кој не беше подготвен за овој натпревар.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе