„Каталонците“ не дозволија ново изненадување во Копа дел Реј, избраниците на Куман можеби се помачија но славеа со 0-2 против третолигашот Корнеља.
На Барса и беа потребни 120 минути за пласман во четвртфинале иако гостите можеа многу порано да ја осигураат победата. Во финишот на првиот дел, Хуан Рамос му одбрани пенал на Пјаниќ, а во 80. минута, голманот на домаќините го доби и дуелот со Дембеле од белата точка.
Сепак, тој не можеше да стори ништо кога на стартот од продолженијата Дембеле испука ракета од врвот на шеснаесетникот и донесе 0-1. Пред судијата да означи крај, Брајтвајт ги постави конечните 0-2.