Сега е и официјално

Барселона потврди, Куман е новиот тренер

Тоа што беше најавено, сега и официјално е потврдено од клубот, Роналд Куман е новиот тренер на Барселона, тој потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант. 

Барселона потврди дека Роналд Куман е наследникот на Кике Сетиен, Холанѓанецот ја доби тешката задача да ја врати моќта на Каталонците.
 
„ФК Барселона и Роналд Куман се договорија за Холанѓанецот да биде тренер на првиот тим до 30 јуни 2022 година“, стои во соопштението.
 
Денеска на Камп Ноу во 18 часот ќе се случи и неговата презентација.
 
Роналд Куман кој шест години беше фудбалер на Барселона, се откажа од функцијата селектор на холандската репрезентација за да ги го оствари сонот и да седне на клупата на славниот шпански клуб.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе