Лига на шампиони

Барселона не ги искористи шансите, Баерн Минхен победи (ВИДЕО)

Баерн Минхен уште еднаш ја победи Барселона во Лигата на шампионите, овојпат со 2-0, каталонците создаоа многу шанси во првото полувреме, но не искористија ниту една. 

Левандовски се врати на Алјианц Арената, денеска беше во дресот на противникот на Баерн Минхен, но напаѓачот на Барселона не успеа да даде гол иако имаше одлични шанси да го направи тоа.
 
Барселона одигра одлично прво полувреме, создаде многу шанси, доминираше, но Левандовски, Педри и Рафиња не успеаа да ја затресат мрежата на Нојер.
 
Во второто полувреме работите се променија, во 50. минута Лукас Ернандез даде гол за водство на Баерн Минхен од 1-0.
 
Тој погодок како да им даде самодоверба на фудбалерите на Баерн Минхен и текот на мечот стана поинаков.
 
Само четири минути подоцна Баерн Минхен поведе со 2-0, Сане постигна погодок.
 
До крајот на мечот Баварците го контролираа натпреварот и на крајот дојдоа до победата.
 
Во оваа група претходно Интер ја совлада Викторија Плзен со 2-0
 
Ливерпул со гол на Матип во 89. минута дојде до победа над Ајакс од 2-1.
 
Претходно црвените поведоа со гол на Салах во 17. миунта, но Кудис десет минути подоцна изедначи на 1-1.
 
Атлетико Мадрид со пораз се враќа од гостувањето кај Баер Леверкузен. Германците добија уште еден дуел со шпанска екипа, и овој резултат беше 2-0.
 
Головите паднаа во финишот, Андрих во 84. минута донесе водство од 1-0, три минути подоцна Диаби погоди за конечни 2-0.
 
Вистински потоп и тоа на свој терен доживеа Порто кој загуби со 4-0 од Клуб Бриж.
 
Гостинска победа забележа и Ајнтрахт Франкфурт кој со 1-0 го победи Марсеј.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе