Меркаат играч на попуст

Барселона „навива“ за Лидс да испадне од Премиерлигата

Барселона со месеци води преговори со Рафиња и неговиот агент Деко, „каталонците" лесно ќе можат да го ангажираат Бразилецот доколку Лидс испадне од Премиерлигата.

Рафиња е една од желбите на Барселона за новата сезона и како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, „каталонците“ од месец март се во контакт со Бразилецот и неговиот агент Деко.

Преговорите се во напредна фаза и се финализираат деталите за соработка до јуни 2027 година.

Челси и Њукасл исто така пројавуваат интерес за услугите на офанзивниот фудбалер, но Рафиња сака да го облече дресот на Барселона и приоритет му е преселба на Камп Ноу.

Се верува дека во неговиот договор има клаузула од 25 милиони евра во случај Лидс да испадне од Премиерлигата, па доколку „белите“ завршат во втора лига, Барселона ќе има драстично полесна задача за реализирање на трансфер. 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе