Различно го толкуваат договорот

Барселона ќе го тужи Атлетико за „случајот Гризман“

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека Барселона смета дека Атлетико Мадрид веќе ги исполнил условите за ангажман на Антоан Гризман и ќе ги тужи „колчонероси" доколку одбијат да ја платат сумата од 40 милиони евра.

Барселона и Атлетико Мадрид можат да влезат во правна битка за „случајот Гризман“. Французинот оваа сезона мечевите ги започнува од клупата за резерви, шанса добива во второто полувреме и на теренот поминува околу 30 минути.

Атлетико Мадрид има обврска да го купи напаѓачот за 40 милиони евра доколку тој има одредена минутажа, па на овој начин „колчонероси“ калкулираат за да не ги остварат условите договорено со Барселона.

Но неколку извори од Шпанија сега пренесуваат дека „каталонците“ различно гледаат на условите кои се договорени. Раководството на Барселона смета дека се работи за позајмица од една година, со можност да се продолжи на уште една доколку се исполнат одредени цели.

Клубот од Камп Ноу исто така смета дека опцијата за перманентен трансфер се активира доколку Антоан Гризман одигра повеќе од 50% од минутите во првата година, напаѓачот има одиграно 81%, па според нив, Атлетико веќе е обврзан да плати 40 милиони евра. 

Атлетико Мадрид пак верува дека се калкулираат и минутите од втората година, па затоа Антоан Гризман сега на теренот не поминува повеќе од половина час. 

Останува да се види дали двата клуба ќе најдат компромис или целиот случај ќе има судска завршница.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе