Барселона не е во најдобар финансиски момент, клубот е во длабок минус од кои новото раководство треба да го вади.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека во договорот меѓу Ливерпул и Барселона има клаузула според која англискиот клуб ќе добие дополнителни 20 милиони евра кога Кутињо ќе го одигра 100. натпревар за Каталонците.
Досега Кутињо има 8 настапи и ако не биде продаден во јануари бројката од 100 брзо ќе дојде.
Со продажба во јануари, Барселона покрај тоа што нема да го плати бонусот на Ливерпул, тие ќе инкасираат и значителна сума доколку успеат да издејствуваат добра зделка со заинтересираните клубови за неговиот потпис.
Кутињо оваа сезона нема некој посебен учинок за Барселона, тој е во ротацијата на Куман, па некогаш игра, некогаш не игра.