Барселона

Барселона и Вулвс се договорија, Адама Траоре се враќа на Камп Ноу

Барселона и Вулверхемптон постигнаа договор за позајмица на Адама Траоре со можност целосно да биде откупен по крајот на сезоната. 

Адама Траоре утре би требало да го комплетира трансферот во Барселона откако двата клуба постигнаа договор.
 
Тој до крајот на сезоната ќе игра на позајмица, а неговата плата во целост ќе ја покрива Барселона.
 
Каталонците имаат опција во јуни за сума од 30 милиони евра плус бонуси комплетно да го откупат.
 
Ова ќе биде враќање на Адама Траоре во Барселона, тој потекнува од Ла Масија, дури девет години беше член на младинскиот погон од каде во 2013 прво се префрли во Барселона Б, а имаше и настап за сениорскиот тим на Каталонците.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе