Лига на шампиони

Барселона го победи Јуве, ВАР му поништи три гола на Мората (ВИДЕО)

Барселона со 2-0 победи на гостувањето кај Јувентус, Мората три пати ја тресеше мрежата на Каталонците но ВАР му ги поништи сите погодоци, Манчестер јунајтед во финишот го наполни Лајпциг, славеше со убедливи 5-0. 

Барселона го доби дербито против Јувентус, тимот на Куман со 2-0 победи во Торино во меч кој ВАР оправдано му поништи три голови на Мората.
 
Каталонците го отворија резултатот уште во 14. минута кога Дембеле постигна гол за 1-0. 
 
Веќе во следната минута се случи првиот поништен гол на Мората, кој погоди и во 30. и во 55. минута но бадијала, во сите ситуации беше во офсајд.
 
Ситуацијата за Јуве стана уште полоша во финишот кога Демирал доби втор жолт картон.
 
Конечните 2-0 ги постави Меси со гол од пенал во судиското продолжение од натпреварот.
 
Интересно беше на Олд Трафорд каде Манчестер јунајтед со 5-0 го победи Лајпциг.
 
Гринвуд во 21. минута го отвори резултатот, 1-0 беше се до 74. минута кога Рашфрод зголеми на 2-0. До крајот тој постигна уште два гола за негов хет-трик, еднаш погоди и Марсијал.
 
Борусија Дортмунд со голови на Санчо од пенал и Халанд, во финишот го скрши отпорот на Зенит и победи со 2-0.
 
Лук Де Јонг донесе победа на Севиља од 1-0 против Рен.
 
Лацио одигра 1-1 на гостувањето кај Клуб Бриж, Ференцварош и Динамо Киев одиграа 2-2.
 
Претходно Челси со 4-0 победи кај Краснодар, ПСЖ со 2-0 славеше кај Башакшехир.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе