Му прават притисок да си оди или да прифати помала плата

Барселона го известила Де Јонг дека договорот му е нелегален и се заканилa дека ќе го дадe на суд!

Според пишувањата на Атлетик, Барселона го известила Френки де Јонг дека договорот му е нелегален, имало докази за криминал па се заканила дека ќе го даде на суд доколку не се врати на претходниот договор или потпише нов.

Жоан Лапорта и Чави во неколку наврати јавно рекоа дека сакаат Френки де Јонг да остане, но зад сцената, Барселона работи на трансфер на Холанѓанецот. Барселона сака да се откачи од високата плата на фудбалерот од средниот ред, кој во време на ковид-19 пандемијата прифати огромно намалување на платата и сега таа сума треба да му биде компензирана.

Според пишувањата на Атлетик, на 15. јули, Френки де Јонг и неговите агенти добиле известување од Барселона во кое стоело дека договорот потпишан во октомври 2020 година со претходнот раководство е нелегален и има докази за криминал.

„Каталонците“ се заканиле дека ќе го дадат играчот на суд, но и предложиле пријателско решение според кое Френки де Јонг доброволно треба да се врати на условите од оргиналниот договор кој го потпишал во јануари 2019.

Интересно, известувањето било испратено само еден ден по одлуката на Френки де Јонг да одбие трансфер во Манчестер јунајтед.

Ваквиот потег на Барселона не им се допаднал на агентите на Френки де Јонг, кои на ова гледаат притисок за играчот што побрзо да си спакува куферите и да замине.

Како што стојат работите во моментов, Френки де Јонг не сака да замине од „Камп Ноу“, ниту пак сака да прифати намалување на платата.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе