Ќе има нова средба со агентот на Холанѓанецот

Барса со ултиматум до Де Јонг: Или ќе прифатиш 50% намалување на платата, или ќе си ги спакуваш куферите

Барселона му поставила ултиматум на Френки де Јонг, Холанѓанецот или ќе треба да прифати 50% намалување на платата или ќе треба да си ги спакува куферите и да замине од Камп Ноу.

Агентот на Френки де Јонг ќе има нова средба со раководството на Барселона на која ќе се бара решение за ситуацијата на фудбалерот од средниот ред. 

Холанѓанецот оваа сезона има плата од 22+ милиони евра, сума која Барселона не може/не сака да ја плата. 

Се говори дека „каталонците“ му поставиле ултиматум на Френки де Јонг, односно играчот или ќе треба да прифати 50% намалување на платата, или да си ги спакува куферите и да замине од Камп Ноу. 

Манчестер јунајтед и Челси пројавуваат интерес за неговите услуги, двата клуба се подготвени да платат 80+ милиони евра.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе