Се отвара простор за звучно засилување

Барса со две операции обезбедува 650 милиони евра, „каталонците“ најдоа начин за трансфер на Халанд

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона планира да прибере 650 милиони евра со две операции, „каталонците" ќе имаат пари да ангажираат звучно име како Ерлинг Халанд.

Барселона има финансиски проблеми, „каталонците“ минатото лето мораа да се откажат и од својата прва ѕвезда Лео Меси, па Жоан Лапорта и неговите соработници напорно работат за подобрување на ситуацијата.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Барса планира да прибере околу 650 милиони евра со две операции.

Првата е договор со ЦВЦ капитал и покрај тоа што минатото лето ја одбија соработката која Ла Лига им ја понуди и со која можеа да го задржат Лео Меси. 

Преговорите сега се во напредна фаза и се очекува во клупската каса да се слеат околу 300 милиони евра. 

Втората операција е продажба на 49% од Барса Естудиос за 350 милиони евра. Сепак, за оваа зделка има да се испеглаат уште многу детали. Се студира дали да се продадат само 30% или 49%, како и тоа Барса да добие опција да си го купи делот назад. 

Со овие две операции ќе се отовори простор за ангажман на звучно име како Ерлинг Халанд, „каталонците“ очекуваат дека ќе бидат потребни околу 250 милиони евра (трансфер сума, провизии и платата на играчот) за ангажман на Норвежанецот. 

Реал Мадрид и Манчестер Сити се двата ривали за потписот на Ерлинг Халанд и „каталонците“ особено стравуваат од конкуренцијата на „граѓаните“, кои имаат пари за трошење, и додатно се атрактивна дестинација поради присуството на Пеп Гвардиола.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе