Еден проблем помалку за продолжението од сезоната

Барса се спаси од банкрот, начелно е постигнат договор за намалување на платите во износ од 172 милиони евра

„Каталонците" вечерва соопштија дека начелно е постигнат договор со фудбалерите и техничкиот персонал за намалување на платите за оваа сезона во износ од 172 милиони евра.

Барселона е во сериозна финансиска криза поради корнавирусот па управата ги замоли играчите да прифатат намалување на примањата за клубот да не банкротира.

По долги преговори, вечерва пристигна информација дека начелно е постигнат договор со фудбалерите и техничкиот персонал за намалување на платите за оваа сезона во износ од 172 милиони евра.

Се работи за фиксни примања од 122 милиони евра плус бонуси од 50 милиони евра, пари кои ќе бидат дополнително исплатени во следните три години.

Сега останува само уште фудбалерите и техничкиот персонал да го ратификуваат овој договор во следните денови.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе