Нов начин за излез од кризата

Барса сака сите фудбалери да прифатат 50% помала плата

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Барселона ќе ги извести фудбалерите дека треба да прифатат 50% намалување на платата за клубот полесно да се справи со финансиската криза.

Барселона нема пари за нови засилувања па клубот разгледува неколку опции за излез од кризата. На 16. јуни ќе се одлучува за продажба на дел од имотот и можноста да се приберат 740 милиони евра преку неколку зделки.

Како што пренесува Мундо Депортиво, Жоан Лапорта и неговите соработници исто така сакаат да ја намалат актуелната сметка за плати па од фудбалерите ќе биде побарано да прифатат 50% намалување на примањата.

Исклучок ќе се направи само за оние кои неодамна ги обонвија договорите (Ансу Фати, Педри и Араухо) како и засилувањата кои дојдоа во јануари со оглед на тоа дека тие се во рамките на новите параметри кои се поставени на сила.

Мундо Депортиво додава дека фудбалерите кои ќе одбијат да прифатат намалување на платата ќе мора да си пронајдат нов клуб, не се исклучува и можноста за драстична мерка и раскинување на нивните договори.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе