Нов агол кој претходно не беше достапен за очите на јавноста

Барса објави видео од спорниот момент и порача: За нас ова е пенал (ВИДЕО)

Барселона на социјалните мрежи објави видео од дуелот помеѓу Алба и Сусо, камерата е на само неколку метри од играчите и претходно јавноста го нема видео овој агол од спорниот момент на „Санчес Писхуан".

Барселона синоќа загуби со 2-0 на гостувањето кај Севиља во полуфиналето од Копа дел Реј, а по крајот на натпреварот, Роналд Куман се пожали дека не им бил досуден пенал. 

„Имаше пенал за нас и не беше досуден. Доколку се користи ВАР, мора да се досуди пенало. Судијата добри си ја вршеше работата, но постои сомнеж за пеналот. Сите ми рекоа дека е пенал, и не само луѓето од Барселона, па морам да им верувам. Не знам зошто ВАР не се огласи, веќе се направени доволно грешки“ – изјави тренерот на „каталонците“. 

Попладнево на социјалните мрежи Барселона објави видео од дуелот помеѓу Алба и Сусо. Камерата е на само неколку метри од играчите и претходно јавноста го нема видео овој агол од спорниот момент. 

Судијата Лахос сметаше дека прекршокот е надвор од шеснаесетникот а од ВАР собата не се огласија. Погледнете и проценете сами дали Барса требала да добие најстрога казна.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе