Поставен е краен рок за трансфер

Барса и Манчестер јунајтед блиску до договор за Де Јонг

Како што пренесува каталонскиот весник Спорт, Барселона и Манчестер јунајтед се блиску до договор за трансфер на Френки де Јонг вреден околку 80 милиони евра, „ѓаволите" сакаат до средината на јуни да ја комплетираат зделката.

Клучни денови за иднината на Френки де Јонг, како што пренесува Спорт, Манчестер јунајтед силно притиска за потписот на Холанѓанецот. „Ѓаволите“ и Барселона се многу блиску до договор за трансфер вреден околу 80 милиони евра.

Потешката задача е Френки де Јонг да каже „ДА“, фудбалерот од средниот ред преферира да остане на Камп Ноу и покрај тоа што Манчестер јунајтед му нуди повеќе пари, како и да биде лидер на новиот проект. Но тој полека почнува да се предомислува поради тоа што Барса не прави напор да го задржи, и нема ништо против да го продаде.

Спорт исто така додава дека Манчестер јунајтед поставил краен рок за комплетирање на зделката и до средината на јуни чека разврска. „Ѓаволите“ имаат други алтернативи како Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе