Фудбалерот од БСК доби откупна клаузула од 500 милиони

Барса го потврди првото засилување, потпиша со Франк Кеси

Барселона попладнево го потврди трансфер на Франк Кеси, фудбалерот од БСК стави потпис на договор до јуни 2026 година и доби откупна клаузула од 500 милиони евра.

Откако „каталонците“ минатата недела ја договорија првата зделка за продажба на имотот и отстапија 10% од ТВ правата во Ла Лига за нешто преку 200 милиони евра, се отвори простор за регистрирање на ново играчи.

Попладнево пристигна информација за првото засилување, Франк Кеси пристигнува на Камп Ноу како слободен играч.

Фудбалерот од БСК се обврза кон Барселона до 2026 година и доби откупна клаузула од 500 милиони евра.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе