Холанѓанецот е известен дека треба да замине

Барса го брка Де Јонг поради огромната плата и за да може да регистрира тројца играчи

Барселона сака да се ослободи од Френки де Јонг само поради финансиски причини, Холанѓанецот има огромна плата и доколку тој замине, веднаш ќе можат да бидат регистрирани Франк Кеси, Андреас Кристенсен и Серхи Роберто.

Френки де Јонг доби јасна порака од Барселона, треба што поскоро да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед и да го напушти Камп Ноу.

„Каталонците“ сакаат да се ослободат од Холанѓанецот само поради финансиски причини. Фудбалерот од средниот ред прифатил големо намалување на платата кога клубот беше силно погоден од ковид-19 пандемијата, па оваа сезона треба да заработи нешто над 20 милиони евра, а следната сезона речиси 30 милиони евра.

Со оглед на тоа дека финансиската ситуација во Барса и понатаму останува комплексна, клубот сака да ја тргне оваа огромна плата од сметката.

Со продажба на Френки де Јонг, Барселона ќе отвори доволно простор во буџетот за регистрација на двете засилувања, Франк Кеси и Андреас Кристенсен, како и за новиот договор на Серхи Роберто.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на Холанѓанецот, наводно тој им се доверил на соиграчите од соблекувалната дека практично е невозможно да замине од Камп Ноу.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе