Клубот од Англија сега е фаворит за потписот на Македонецот

Барнли не се откажува од Чурлинов и ја зголеми понудата на 4,5 милиони евра

Барнли реши да ја зголеми понудата за ангажман на Дарко Чурлинов и на маса да стави 4,5 милиони евра, клубот од Англија сега е прв фаворит за потписот на Македонецот.

Барнли не се откажува од намерата да го ангажира Дарко Чурлинов, последните информации велат дека клубот од Англија доставил нова побогата понуда.

На маса е ставен предлог вреден 4,5 милиони евра, односно 3,25 милиони евра фиксен дел, плус бонуси од 1,25 милиони евра.

Новинарот Тоби Алчафл пишува дека преговорите помеѓу Барнли и Штутгарт се во тек, и во моментов Андерлехт има само минимални шанси за ангажман на Македонецот.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе