Деби во првенството на Турција со два гола

Барди влезе и одма даде гол, Македонецот потоа уште еднаш ја тресеше мрежата на Анталијаспор (ВИДЕО)

Енис Барди постигна два гола во својот прв меч во првенството на Турција, Македонецот одлично се снајде во два наврати и ја тресеше противничката мрежа.

Енис Барди против Копенхаген во плеј-офот за Лигата на шампиони дебитираше во дресот на Трабзонспор а вечерва ги одигра и првите минути во првенството на Турција.

Македонецот мечот против Анталијаспор го започна од клупата, но откако шанса доби во 43. минута, веднаш се запиша во листата на стрелците.

Длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Енис Барди доби топка на 11 метри и ја затресе мрежата на домаќините и намали на 2-1.

Во 73. минута, Енис Барди по втор пат го матираше голманот на Анталијаспор и со прецизен удар по земја од врвот на шеснаесетникот донесе 2-2.

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе