Ла Лига

Барди ќе добие и трет тренер оваа сезона, Леванте му врачи отказ на Хави Переира

Поради лошите резултати, раководството на Леванте се реши да направи уште една тренерска смена, Хави Переира доби отказ. 

Сезоната ја почна Пако Лопез, но откако тргна лошо, Леванте го смени, на негово место го донесе Хави Переира кој не се покажа како подобро решение. Поминаа 15 кола а тимот се уште нема ниту една победа во Ла Лига и се наоѓа на дното.
 
Переира го водеше Леванте седум натпревари, не успеа да победи ниту еднаш, по што денеска му беше покажана излезната врата.
 
Тимот привремено ќе го води Алесио Лиши кој досега беше тренер на вториот тим на Леванте. Во меѓувреме ќе се бара ново тренерско име.
 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе