Македонскиот фудбалер чека понуди за трансфер

Барди ги почна подготовките со Леванте, но дали и со нив ќе ја почне сезоната?

Леванте денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона, фудбалерите ги поминуваа задолжителните медицински прегледи пред да почнат да тренираат. 

По кратката пауза Барди им се врати на обврските со Леванте, тој од денеска почна да се подготвува за новата сезона.
 
Но, македонскиот репрезентативец можеби и нема да ја почне неа со Леванте. Се шпекулира дека тој е еден од играчите на шпанскиот клуб кој може да направи трансфер ова лето.
 
Интерес за Барди има од неколку клубови, Арсенал, Фулам, Фиорентина... но засега нема ништо конкретно.
 
Барди има откупна клаузула од 50 милиони евра во договорот со Леванте, но клубот би го продал и за двојно помала сума, но не и за помала од 20 милиони евра.
 
Леванте го купи Барди од Ујпешт за само 1,5 милиони евра, па од неговото заминување ќе инкасра повеќе од десеткратно од сумата за која го донесе.
 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе