Барди вели дека македонските фудбалери ќе нападнат за да дојдат до победа, тој сака со успех да се заврши годината.
„Фаворити во фудбалот денеска нема, на нас е да одиграме максимално добро, ја анализиравме средбата со Финска, треба да ги поправиме малите грешки што ги имавме, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнеме и сакаме да дојдеме до победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината“, вели Барди.