Барди: Албанец сум, но го давам максимумот за Македонија

Во интервју за балканскиот медиум „Супер Спорт“, Енис Барди зборува за македонската репрезентација и шансите да се пласираме на Европското првенство. 

Македонија е на 90 минути до пласман на Европското првенство, останува уште само мечот против Грузија. До него дојдовме по победата над Косово во Скопје, натпревар кој беше со посебни емоции за дел од македонските репрезентативци со албанска националност.
 
„Многу сме задоволни што успешно го поминавме мечот со Косово, но ништо не е готово. Имаме уште 90 минути квалификации. Уште пред мечот со Косово реков дека нашиот тим има повеќе искуство. Косово има многу силни индивидуалци. Ние влеговме на теренот за да го добиеме мечот како тим, не да играме индивидуално. Косово одигра добар натпревар, жал ми е за нив, но уверен сум дека наскоро ќе одат на Европско првенство“, вели Барди.
 
„Мислам дека нема место за еуфорија, свесни сме за важноста на мечот со Грузија. Мора да одиграме како и против Косово. Грузија нема фудбалери со ист квалитет како Косово, но 90 минути се во кои мораме да го дадеме максимумот“.
 
„Мечот со Косово за мене беше посебен. По мечот имав позитивни и негативни чувства. Секој фудбалер треба да го даде максиумот за тимот каде што игра. Јас сум Албанец и никој не може да го негира тоа, но сега го давам максимумот за Македонија. Никогаш не сме имале проблеми во репрезентацијата, се почитуваме сите меѓусебно и на теренот го даваме најдоброто од нас. Како тим можеме да направиме приказна каква што никој нема направено досега“.
 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе