Куп на Македонија

Бајрами: Го почитуваме Силекс, но имаме квалитет да го освоиме трофејот

Тренерот на Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами верува во својот тим, смета дека имаат квалитет да го добијат финалето со Силекс и да го кренат трофејот од Купот на Македонија. 

Утре со почеток од 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, Македонија Ѓорче Петров и Силекс го играат финалето од Купот на Македонија.
 
И покрај тоа што Силекс во финалето стигна како второлигаш, тренерот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами е претпазлив, вели дека тимот од Кратово располага со квалитет.
 
„Македонија Ѓ.П. сосема заслужено е во финалето од Купот на Македонија, но знаеме што не очекува во пресметката со Силекс. Ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи и Струга и сосема заслужено сме во мечот за титула“, вели Бајрами.
 
„Мислам дека имаме квалитет и можеме да го освоиме трофејот. Имаме голема почит кон Силекс, тим кој е актуелен освојувач на Купот, без разлика на тоа што оваа година влегоа како второлигаш во финалето. Направивме добра анализа, гледавме повеќе нивни натпревари затоа што се немаме меѓусебен дуел една година со нив. Се работи за одличен тим, воден од тренер со којшто знаат што сакаат на теренот. Силекс условно се прошета во Втората лига, така што очекувам доста интересен натпревар, но јас верувам во мојот тим“.
 
„Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“.
 
Капитенот на Македонија ЃП, Адем Ермедин ветува дека фудбалерите ќе го дадат максимумот за да го освојат купот.
 
„Следи еден голем натпревар за нас, цела сезона се бориме за вакви натпревари. Сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп-трофеј. Имаме респект за Силекс и можам да кажам дека не сме случајно во ова финале. Ние како екипа сме подготвени, имавме можеби најтежок пат до финалето, но ги минавме сите и тука сме. Знам дека кој и да игра во финалето ќе го даде максимумот и сакам да го освоиме трофејот и да го донесеме трофејот по долги години во Ѓорче“, вели Ермедин.
 

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе