Лига на шампиони

Баерн Минхен победи и во Москва, Интер одигра без голови против Шахтар (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 2-1 го победи Локомотив во Москва, Интер може да жали што одигра меч без голови на гостувањето кај Шахтар, момците на Конте пропуштија убави шанси за триумф. 

Баварците ја оправдаа улогата на фаворит во Москва и дојдоа до планираните три бода. Шампионотповеде уште во 13. минута од натпреварот кога по една убава акција Горецка погоди со глава за 0-1.
 
Тој резултатот долго беше актуелен, во 70. минута домаќините изедначија преку Миранчук, но нивната радост не траеше долго.
 
Девет минути подоцна Кимих постигна интересен погодок за победа од 2-1 на Баерн Минхен.
 
Интер може да жали што не го победи Шахтар Доњецк, два пати ја погодуваа пречката од домашниот гол, а супер шанса пропушти и Лаутаро Мартинез.
 
Во првото полувреме најпрво Барела со шут од далечина ја погоди пречката, а неколку минути подоцна тоа го направи и Лукаку, со шут од слободен удар.
 
Во второто полувреме една одбиена топка дојде до Лаутаро Мартинез, но Аргентинецот од идеална прилика го промаши голот.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе