„Баварците“ горди што го ангажираа големиот талент

Баерн го потврди трансферот на Матис Тел, вториот најскап тинејџер во историјата на клубот

Баерн Минхен попладнево го потврди трансферот на 17 годишниот Матис Тел од Рен, младиот напаѓач се обврза кон „баварците" до јуни 2027 година.

Матис Тел стана вториот најскап тинејџер во историјата на Баерн Минхен откако го комплетираше трансферот од Рен вреден околу 28,5 милиони евра (за Ренато Санчес беа платени 35+ милиони евра).

„Матис Тел е еден од најголемите таленти во Европа, многу брз, технички силен и сестран напаѓач. Со У17 репрезентацијата на Франција стана европски шампион оваа година и беше капитен на тимот. Го следевме подолго време и успеавме да го убедиме да го направи следниот чекор со нас во Минхен. Горди сме бидејќи многу клубови сакаа да го ангажираат“ – изјави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

За новата авантура, Матис Тел вели: „Баерн е еден од најдобрите тимови во светот. Со нетрпение чекам да го започнам овој предизвик и да го дадам максимумот за клубот. Бев импресиониран од разговорот со Салихамиџиќ и луѓето од Баерн па за кратко време ми стана јасно дека морам да направам трансфер во Минхен“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе