Копа дел Реј

Атрактивен деби гол на Торес, Билбао ја исфрли Барса од купот! (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Копа дел Реј е елиминиран, вечерва на продолженија, Атлетик Билбао славеше против Барселона со 3-2.

Ново разочарување за „каталонците“, отпаднаа и од битката за титулата во Купот на Шпанија, вечерва избраниците на Чави загубија на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Домаќините поведоа веќе во 2. минута, Муниаин стрелаше за 1-0. Одговорот на Барса стигна во 20. минута, Торес убаво пласираше и атрактивно погоди за деби гол и 1-1.

Мартинез во 86. минута од мечот го донесе Атлетик Билбао во водствo од 2-1, но гостите не се предадоа, Педри во 93. минута изедначи на 2-2 и донесе продолженија.

Во финишот од првото продолжение, Муниаин од пенал донесе 3-2, Барселона не успеа да се врати по третпат и мораше да се помири со елиминација.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе