Гризман играше за Атлетико Мадрид на позајмица од Барселона, доколку се исполнеа одреден број на натпревари трансферот мораше да стане перманентен, но мечевите во кои фудбалерот влегува после 60. минута не се рачунаа.
Така Атлетико Мадрид го пушташе Гризман во последната третина од натпреварите за да не ја плати сумата од 40 милиони евра за перманентен трансфер која претходно беше договорена.
Барселона се закануваше и дека ќе го тужи Атлетико Мадрид за таквата тактика, сепак двата клуба седнаа и најдоа решение.
Трансферот ќе стане перманентен, но наместо 40 милиони евра, Атлетико Мадрид ќе плати 20 милиони евра плус 2 милиони евра во бонуси.
Наскоро договорот ќе биде официјализиран.