Ќе може да игра и цели натпревари

Атлетико и Барселона се договорија, проблемите на Гризман ќе завршат

Завршија маките за Антоан Гризман кој поради една клаузула во игра влегуваше после 60. минута на натпреварите оваа сезона, отсега тоа ќе престане, Атлетико Мадрид и Барселона се договорија. 

Гризман играше за Атлетико Мадрид на позајмица од Барселона, доколку се исполнеа одреден број на натпревари трансферот мораше да стане перманентен, но мечевите во кои фудбалерот влегува после 60. минута не се рачунаа. 
 
Така Атлетико Мадрид го пушташе Гризман во последната третина од натпреварите за да не ја плати сумата од 40 милиони евра за перманентен трансфер која претходно беше договорена.
 
Барселона се закануваше и дека ќе го тужи Атлетико Мадрид за таквата тактика, сепак двата клуба седнаа и најдоа решение.
 
Трансферот ќе стане перманентен, но наместо 40 милиони евра, Атлетико Мадрид ќе плати 20 милиони евра плус 2 милиони евра во бонуси.
 
Наскоро договорот ќе биде официјализиран.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе