Серија А

Аталанта нема да игра во Европа, Фиорентина обезбеди место во Конференциската лига

Фиорентина го победи Јувентус со 2-0 и го освои седмото место кое ја носи во Конференциската лига, Аталанта на свој терен загуби од Емполи и по подолго време не обезбеди излез во Европа. 

Со голови на Данкан во судиското продолжение од првото и Гонзалез во судиското продолжение од второто полувреме го победи Јувентус со 2-0 и го освои седмото место во Серија А.
 
Виолетовите ќе играат во Конференциската лига следната сезона, а место во Европа нема да има за Аталанта која заврши на осмата позиција по денешниот пораз од 1-0 на свој терен од Емполи.
 
Лацио освои бод против Верона играјќи 3-3. Тој бод беше доволен за да се заврши сезоната на петтото место на табелата со еден бод пред Рома.
 
И Лацио и Рома обезбедија место во Лига Европа.
 
Утре во Серија А главна ќе биде борбата за Скудетото, на Милан му треба бод од гостувањето кај Сасуоло, Интер игра дома против Сампдорија, се надева на своја победа и на пораз на градскиот ривал. Двата меча се од 18 часот.
 
Во вечерниот термин е битката за опстанок која ја водат Салернитана и Каљари. Салернитана го пречекува Удинезе, а Каљари гостува кај Венеција.
 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе