Серија А

Аталанта го надигра Милан на Сан Сиро, Интер киксираше против Удинезе (ВИДЕО)

Аталанта го надигра Милан на Сан Сиро и си замина со триумф од 0-3, Интер пропушти да биде зимски шампион откако одигра само 0-0 на гостувањето кај Удинезе.

Милан првиот дел од сезоната ќе го заврши на првото место на табелата и покрај тоа што избраниците на Пиоли вечерва загубија. Аталанта ги надигра „росонерите“ на Сан Сиро и си замина со победа од 0-3 и три бода.

Ромеро го отвори резултатот во 26. минута, дефанзивецот му побегна на својот чувар и со глава го матираше Донарума. На стартот од вториот дел, Кеси реагираше неспретно со лакт го удри Иличиќ во лице, а судијата покажата на белата точка. Иличиќ ја превзеде одговорноста и биеше од 11 метри за 0-2.

Во 77. минута беа решени сите дилеми, Ромеро убаво го проигра Запата, а напаѓачот по земја биеше за 0-3.

Поразот на Милан сепак не го искористи Интер, „нероаѕурите“ со триумф над Удинезе можеа да бидат зимски шампион но одиграа само 0-0 на „Дачија Арена“.

Избраниците на Конте прикажаа премалку, најсериозната шанса ја имаа по еден кикс на домаќините, но Мусо со фантастична одбрана го спречи Лаутаро Мартинез.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе