По асиситенција од Траоре, Воткинс во втората минута постигна гол за водство на Астон Вила од 1-0.
Во тие моменти никој не ни помислуваше дека тоа ќе биде единствениот гол на мечот, но така беше.
До крајот на средбата, особено во второто полувреме Арсенал се обидуваше да дојде до израмнување, но тоа беа јалови напади без посериозна шанса за гол.
Астон Вила можеше да дојде и до поголема победа доколку искористеше некоја од шансите кои и се укажаа по контра напади.