Трето засилување за новата сезона

Астон Вила не се шегува, договори дефанзивец на Севиља кој има откупна клаузула од 80 милиони

Астон Вила е многу блиску до третото засилување за новата сезона, тимот предводен од Стивен Џерард го договори Диего Карлос од Севиља, кој има откупна клаузула од 80 милиони евра.

Популарните „вилани“ не трошат многу време кога е во прашање склопување на тимот за новата сезона.

Како прва одлука, Филипе Кутињо беше задржан и постигнат договор со Барселона за перманентен трансфер на Бразилецот. Астон Вила потоа успеа да ја доби битката за потписот на Бубакар Камара од Марсеј, а сега е потврдено и третото засилување.

Тимот предводен од Стивен Џерард соопшти дека начелно е постигнат договор за трансфер на Диего Карлос од Севиља.

Бразилецот важи за еден од подобрите дефанзивци во Шпанија и има откупна клаузула од 80 милиони евра. Во моментов нема потврда за сумата која ќе биде платена.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе