Премиерлига

Астон Вила му зема два бода на Челси, нов кикс на сините (ВИДЕО)

Челси одигра 1-1 против Астон Вила на Стемфорд Бриџ и не успеа да со триумф да се опорави од поразот од Арсенал, ваквиот резултат го носи Лампард чекор поблиску до отказ. 

Челси е во криза, на последните пет натпревари од Премиерлигата има само една победа, денеска тимот на Лампард им приреди ново разочарување на своите навивачи откако на домшан терен одигра 1-1 против Астон Вила.
 
Лампард направи неколку промени во составот во однос на претходните натпревари и се чинеше дека тоа вродува со плод откако Жиру во 34. минута постигна гол за водство од 1-0.
 
Но по пет минути игра во второто полувреме Ел Гази го изедначи резултатот на 1-1 што беше и конечен резултат.
 
Ремито го носи Лампард чекор поблиску до отказ, а како нов потенцијален тренер на Челси се посочува Томас Тухел.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе