Артур и Барса се караат, Јувентус сака да искористи

Артур Мело и Барселона се во конфликт откако Бразилецот одби да се врати во клубот за мечевите од Лигата на шампионите, Јувентус сака да го искористи овој момент и порано од договореното да го добие Бразлецот. 

Артур Мело откако се договори со Јувентус не беше ставан во игра од страна на тренерот Кике Сетиен, поради тоа тој одби да биде дел од мечевите на Барса во Лигата на шампионите.
 
Тоа ги налути Каталонците кои му се заканија со казни.
 
Во моментов претставници на Артур и Барса преговараат за фудбалерот порано да биде ослободен од обврските.
 
Ситуацијата будно ја следи Јувентус кој посакува да го добие Артур порано од договореното. 
 
Според првичниот договор Артур во Јувентус треба да пристигне во септември, но италијанскиот шампион сега посакува тој да може да ги почне подготовките од почеток, од 24 август со сите останати играчи.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе